Не е ни елен, ни глушец: Редок вид на цицач виден прв пат после 30 години

Точка

13/11/2019

10:59

1.639

Големина на фонт

а а а

Мал и редок вид на цицач, како елен, кој научниците не го виделе речиси 30 години, е фотографиран во една шума на југот на Виетнам, соопштила групата за зачувување на видови - "Global Wildlife Conservation".

Фотографиите од малото животно познато и како виетнамски глувчешки елен со сребрена боја на грбот, се направени во дивина, навела групата и додала дека тоа животно со големина на зајак не е глушец, ни елен, туку најмалиот цицач со копита. 

Тие животни обично се срамежливи и осамени, делува како да одат на врвот на копитата, а имаат и крзно со сребрен сјај, навела групата.

Животното прв пат е опишано во 1910-та година. Во централен Виетнам до 1990-та година е видена пет пати и прогласена е за еден од најретките животински видови.

Камерите поставени во шумата во текот на пет месеци направиле 1.800 фотографии.



Спонзорирани линкови

Маркетинг