Пејачот прогласен за најсексапилен маж на светот: "Возбуден сум и исплашен"

Точка

13/11/2019

10:05

2.064

Големина на фонт

а а а

Американскиот пејач и актер Џон Леџенд, е прогласен за најсексапилен жив човек според изборот на списанието "People".

Леџенд е оженет со манекенката Криси Тајген, со која има две деца. 

Тој е прв Афроамериканец кој за својата работа ги обединил наградите Еми, Греми, Оскар и Тони.

"Возбуден сум, но во исто време и малку исплашен бидејќи притисокот е голем. Сега секој ќе ме загледува за да види дали сум доволно секси да ја носам оваа титула", рекол Леџенд за "People"?

Минатогодишен победник бил британскиот актер Идрис Елба.