Оваа риба за мексиканската мафија е повредна од злато: Се верува дека е лек за сè, а криминалците се толку немилосрдни што и морнарицата им се трга од патот

Точка

12/11/2019

12:54

2.741

Големина на фонт

а а а

Во традиционалната кинеска медицина, се верува дека меурот од тотоаба има чудесни лековити својства и е најпознат како лек за артритис, крвоток и проблеми со кожата, а дури и се смета дека ја зголемува потенцијата и плодноста.

Иако тие тврдења не се научно докажани, тоа не ги спречува мексиканските и кинеските криминалци да заработат 10-тина илјади долари во илегална трговија, открива новиот документарец на National Geographic. 

Единственото живеалиште на рибите тотоаба е морето Кортез, кое го одвојува Калифорнискиот залив од копното на Мексико. Но, како резултат на фаќање на тотоабите, исчезнува и калифорниската пискавица, или како што ја нарекува локалното население - вакуитас. Се предвидува дека видот би можел во целост да исчезне во наредните 12 месеци, а тоа што ја убива е фактот дека завршува во истите мрежи со тотоабите при илегалното ловење.

Се верува дека има уште само 15 единки, а итно е потребно да се преземат мерки за да се спаси овој вид, предупредуваат научниците од Универзитетот Сент Ендрус. Тие додаваат дека овој вид на риба не може да се одгледува во заробеништво. Рибарите илегално ја фаќаат тотоабата со употреба на мрежи, а со оглед на тоа дека калифорниската пискавица и тотоабата имаат речиси иста големина, првите често завршуваат како улов. И покрај фактот дека мексиканските власти пред две години забраниле употреба на мрежи, илегалниот риболов и натаму трае.

Последната забележана вакуита во Кортешкото море броела само шест примероци од овој вид. Режисерот Ричард Ладкани на присутните на лондонската премиера на филмот "Море од сенки" рекол: "Мораме како луѓе да се разбудиме и да го направиме тоа што можеме. Сите можеме да направиме разлика и да влијаеме на целокупната планета".

Запрашан дали мексиканската морнарица направила доволно да помогне во заштита на рибите и елиминација на мафијата во Кортешкото море, Ладкани открил дека се соочил со вицеадмиралот кога камерата не снимала. "Ми кажа да ја исклучам камерите, бидејќи тие луѓе знаат каде живееме. Го знаат името на мојата ќерка, името на мојата жена, тие знаат се за нас. Ако им направиме нешто, тие ќе тргнат по нас. И не само по нас, туку и по нашите семејства, поради што не ги процесуираме", пренесува The Sun.



Спонзорирани линкови

Маркетинг