Ова е невозможно да се заборави: Се сеќавате ли како се облекуваше Ким Кардашијан пред да се омажи со Кание Вест?

Кармин

11/11/2019

17:02

3.705

Големина на фонт

а а а

Што и да мислите за неа, најпознатата сестра од семејството Кардашијан е една од најголемите ѕвезди на денешницава и денес многумина често знае да ги воодушеви со својот стил. Сепак имало денови кога нејзината појава на црвениот тепих била многу непријатна за модните експерти.

Ким Кардашијан денес носи парчиња со потпис на дизајнери и модни куќи како “Givenchy“, “Lanvin“ и други на престижните холивудски настани и успева да ги засени и најголемите филмски ѕвезди и манекенки, а дизајнерите и стилистите се натпреваруваат кој да соработува со неа.


Сепак, не е тајна дека не било отсекогаш така. Како што нејзиниот пријател и дизајнер Рикардо Тиши неодамна открил, долго со неа никој од модниот свет не сакал да си има работа.


„Ким не беше отсекогаш прифатена во модната заедница. Од никој. А, таа е прекрасна девојка. Кание и јас, ние успеавме во тоа. Секој дизајнер сега сака да ја облекува. Мене не ме интересираше што мислат луѓето за Ким“ – истакнува таа.


Тоа е вистината – не само што никој од стилистите и дизајнерите не сакал да биде во никаква врска со Ким туку не добивала ни повици за престижните настани, а модните списанија никогаш не ги промашувала.


Дури кога Ким се омажила за познатиот рапер Кание, таа добила можност да прошета по еден од најголемите црвени теписи на светот. Ана Винтур во 2014-та година ги ставила Ким и Кание на насловната страна на “Vogue“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk