Ѝ порачале да го покрие телото бидејќи е мајка, а таа вели дека со тоа им дава добар пример на децата

Кармин

08/11/2019

12:32

4.740

Големина на фонт

а а а

Сиа Купер е 30-годишна мајка на која неодамна ѝ порачале да не се појавува во бикини бидејќи треба да размисли што мислат нејзините деца за тоа.

Спорната фотографија настанала на Бахамите, а Сиа вели дека долго време не сакала да ја објави поради целулитот кој се гледа на задникот и бутовите. 

“Носам бикини бидејќи животот е премногу краток, ве сакам сите вас”, напишала таа покрај фотографијата.

По објавата, Купер добила бројни коментари од фановите кои ѝ порачале дека не треба да се разголува бидејќи е мајка.

“Не мораш токму на овој начин да го покажуваш задникот. Размисли за тоа, ти си мајка. Што ќе помислат твоите деца кога ќе ја видат фотографијата?”, пишувало во коментарот.

Но, Сиа имала конкретен одговор на прашањето:

“Од кога треба мајките да ги покриваат своите тела? Од кога мајките повеќе не смеат да се чувствуваат секси? Што мислите, како бебињата воопшто настанале? Сакам моите деца да видат мајка која е задоволна со своето тело и која има самодоверба. Плус, тие го обожуваат мојот задник. Знаете што, пораснав со мајка која го мразеше своето тело и со тоа таа направи и јас да го мразам своето. Бев параноична секој пат кога ќе помислев дека сум се здебелила и се борев повторно да се засакам себеси. Дури пред неколку години повторно започнав да носам шорцеви во јавност. Сè би дала мојата мајка да го сакаше нејзиното тело и да зрачеше со позитивна енергија, не само поради изгледот туку и поради целокупниот поглед кон светот”, заклучила 30-годишната Купер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk