Овој McDonald's бургер е стар 10 години - во живо се пренесува што се случува со него

Точка

01/11/2019

16:50

5.138

Големина на фонт

а а а

Десетина години стариот McDonald's бургер, кој е послужен пред тој ланец да ги затвори сите свои локали во Исланд, венее во живо пред очите на илјадници гледачи на интернет.

Наизглед неуништливиот бургер со порција пржени компирчиња е заштитен со стакло како скапоцен камен.

Американскиот ланец ги затворил трите продавници во Исланд за време на финансиската криза во 2009-та година и така таа земја станала единствена на запад без McDonald's.

Хјортур Смарасон, на 31-ви октомви таа година пред затворањето на ресторанот купил бургер за да го зачува.

„Одлучив да купам последен оброк поради неговата историска вредност, бидејќи McDonald's се затвораше“, рекол Смарасон, комуникациски менаџер на компанија која е специјализирана за вселенски туризам.

„Слушнав дека бургерот на McDonald's никогаш не се распаѓа и сакав да го проверам тоа“, рекол тој.

Прво бургерот го чувал во гаража, а потоа го позајмил во националнит музеј. Бургерот потоа се преселил во хотелот во главниот град Рејкјавик, а сега е изложен во хостел на југ од Исланд.




Спонзорирани линкови

Маркетинг