'Влеговме' во најдобриот Олимписки спортски центар: Таму спортистите живеат и по осум години и ги 'заработуваат' своите златни медали

Точка

20/10/2019

15:45

5.841

Големина на фонт

а а а

Едноставно кажано, мораш да бидеш меѓу најдоброте во својот спорт за да заслужиш да живееш во овој Олимписки тренинг центар.

Американскиот Олимписки тренинг центар се наоѓа во Колорадо и е еден од најголемите спортски комплекси на светот. Таму во исто време можат да живеат околу 500 спортисти од 15 различни дисциплини.


Таму се подготвуваат најдобрите спортисти за Олимписките игри, како Мајкл Фелпс, Џастин Гетлин и останатите, а интересно е тоа што околу 100 од нив таму живеат постојано, при што некои и до 8 години во континуитет.

Комплексот може да опфати спортисти од различни дисциплини, кошарка одбојка, бокс, велосипедизам, скијање, гимнастика, џудо, стрелаштво, пливање...


Овој комплекс поседува два олимписки базени, пет сали за кошарка, шест терени за одбојка, теретана, сала за вежбање со тегови, центар за стрелаштво, сала за гимнастика, бокс, џудо како и надворешен простор за триатлон.


Што се однесува до сместувањето, има капацитет од 242 соби со 512 кревети, а годишно се послужуваат 300.000 оброци додека пак во паркот се наоѓаат 35 стебла од различни дрвја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг