„Тато, горам, нека престане те молам!“ - Курдите со обвинение дека Турција користи забрането хемиско оружје против нив

Точка

20/10/2019

12:07

4.602

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се појавија морничави снимки од деца од Сирија, кои на себе имаат изгореници и рани, а Курдите тврдат дека тоа е последица на хемиското оружје кое турската војска го користи против нив.

Тие ги обвинуваат Турците дека во офанзивата користат забрането оружје, меѓу другото и хемиско вооружување, објавуваат од британскиот “Дејли мејл“.

##https://twitter.com/XDALKILIC/status/1185483721501229057##

Курските сили минатата недела ја осудија употребата на “своето оружје“, меѓу кои и бел фосфор во градот Рас ал Аима, недалеку од границата со Турција.

Сиријската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон за “Дејли мејл“ не можела да ја потврди вистинитоста на оваа информација, но навела дека во изминатите два дена во Рас ал Аима пораснал бројот на ранети со изгореници на телото.

Како што додаваат од британскиот весник, во меѓувреме курдските медиуми на социјалните мрежи објавуваат снимки од деца кои се со изгореници по нивните тела и кои се наоѓаат во болница во близина на Рас ал Аима.




Спонзорирани линкови

Маркетинг