Сос од милион долари: Ова е моментално најпопуларниот сос на светот, а истиот се приготвува од 5 состојки и за 5 минути

Точка

19/10/2019

16:28

6.545

Големина на фонт

а а а

Дали сте слушнале за популарниот “Million Dollar Dip”, односно сос од милион долари? Станува збор за многу популарен прилог во Америка, а таму го користат како прилог со чипс, крекери, тортиљи... Името го добил бидејќи има многу богат и неодолив вкус, иако се припрема од само 5 состојки.

Овој сос е осмислен од страна на американската готвачка Хелен Корбит, а најголемата предност на специјалитетот е што се припрема брзо и лесно и никогаш нема да погрешите со него. 

Со помфрит, рестован компир, скара, крекери – овој сос може да се применува на многу начини, а ние ви го претставуваме рецептот за истиот:

Потребни состојки:

- 6-8 парчиња сланина

- 300 гр. мајонез

- 220 гр. изрендан чедар кашкавал

- 100 гр. бадеми

- 50 гр. млад кромид

Начин на припрема:

1. Во тава, кратко пропржете ги бадемите и оставете ги да се изладат пред да ги ставите во сосот.

2. Пропржете ги тенките парчиња сланина додека не станат крцкави, а потоа ставете ги на салфети за да ја впијат маснотијата. Кога ќе се изладат, исецкајте ги на што е можно поситни парчиња.

3. Изрендајте го чедарот и помешајте го со мајонезот и исецканата сланина. Додадете ги и бадемите кои претходно ситно ќе ги исецкате на мали парчиња.

4. Во сосот додадете и ситно исецкан млад кромид и оставете да отстои неколку часа во фрижидер пред да го послужите.

Пријатно јадење!



Спонзорирани линкови

Маркетинг