Исхраната на познатите: Што јадат Тамара Тодевска, Миа Костова, Дарко Димитров...

Точка

21/10/2019

08:10

28.816

Големина на фонт

а а а

Спојот на светските трендови и напорите кои се вложуваат за развивање на свеста за здравиот живот, ги учи луѓето да се стават себе си и своето здравје на прво место. Популацијата се повеќе се фокусира на здравата исхрана и имплементирањето на истата како животен стил, а не краткотрајна диета.

Недоволната информираност или немање време кога станува збор за здравото исхранување, остануваат во минатото, бидејќи модерните технологии сега ни ги нудат на тацна сите информации и облици на храна кои ги задоволуваат потребите на сите кои пројавиле интерес за внесување на здрави животни навики.

Учесници во подигањето на свеста за оваа тема кај нас се и личностите од јавната сцена, кои пред се, самите го практикуваат здравиот начин на исхрана и гласно говорат за придобивките од истата. 

Ако досега пример ни беа светските имиња како Опра, Адела, Џенифер Хадсон и други, сега и звучните имиња од нашето поднебје се пример за тоа колку е важна здравата исхрана. Како се хранат Тамара, Миа, Дарко Димитров, Лила, Дј Панчо, Снеже Велков и многу други, дознаваме од социјалните мрежи на познатите.  

За да се информираме подобро околу производите, се обративме до тимот на Про Фит. На прашањето - „Кои се клучните елементи и фокус на здравата исхрана?“, добивме одговор дека рафинираните шеќери нажалост се извор на голем процент на болести и фигурираат како негативен фактор и затоа истите мора да ги избегнуваме.  Исто така, од тимот додаваат дека, големо значење има и размерот на хранливите вредности на еден производ: поголемо количество на протеин, а помал процент на јаглехидрати.







Спонзорирани линкови

Маркетинг