Младо семејство останало шокирано и згрозено откако ги прегледале снимките од сигурносните камери кои ги имале поставено надвор од нивниот дом.
На снимките забележале маж кој врши физиолошка потреба на нивната корпа за отпадоци.
Џасмин и Мухамед од англиското гратче Чарда велат дека се жртви на такви инциденти веќе два месеци.
Тие желни да дознаат што се случува во нивниот двор поставиле камери.
„Тоа се случува веќе шест или седум недели, поради тоа поставивме камера“ - вели Џасмин.
„Да бидам искрена кога тоа го видов на камерата бев целосно шокирана и згрозена“
„Имам три деца. Што доколку тие го видеа тоа, затоа што беше околу 10:47 минути во недела?“ - се прашува Џасмин.
„За среќа не го видоа тоа, но не е тоа целта. Ова видео го покажувам за да докажам дека луѓето немаат почит ниту на другите луѓе ниту пак на нечиј имот“.
Видеото може да го погледнете тука.