Крузерот на норвешката компанија "Фред Олсен" го соборил досегашниот рекорд, станувајќи најголемиот, односно најдолгиот брод кој минал низ Коринтскиот канал, а за тоа е заслужен дубровничкиот капетан Јозо Главиќ.
Крузерот долг 195,82 метри и широк 22,5 метри овој Хрват низ каналот го минал без поголеми проблеми, а за него тоа претставува момент на кој секогаш ќе биде горд и на кој посебно ќе се сеќава.
За преминувањето се подготвувал подолго време и смета дека овој потфат е големо признание за неговата компанија.
Исто така, истакнува дека речиси сите патници излегле на палубата за да го видат историскиот момент, па поминувањето сите биле шокирани и воодушевени.