Што се случува со идната потенцијална кралица? Кејт Мидлтон со овој потег ја изненади јавноста

Точка

15/10/2019

21:56

10.642

Големина на фонт

а а а

Кејт Мидлтон никогаш не била позната по дрското однесување, а досега речиси никој од вработените во дворецот не се пожалил од неа.

Токму затоа нејзиниот последен потег ја изненади јавноста. Војвотката од Кембриџ ја отпуштила својата долгогодишна соработничка и асистентка, Софи Агни. Агни веста ја дознала кога се вратила од меден месец, а била главна асистентка и координаторка на останатиот персонал.


Меѓутоа, не е познато зошто Кејт се одлучила за вакво нешто.

Можеби е во прашање намалување на трошоците на кралското семејство, но бројни обожаватели мислат дека за овој потег е одговорна Меган Маркл.

Имено, војвотката од Сасекс, веќе е позната по тоа што некој постојано се жали од неа и постојано ги отпушта вработените.




Спонзорирани линкови

Маркетинг