"Раштиман" оркестар! Путин мислел дека некој се шегува со него и Русија: Саудискиот воен бенд ја отсвирил руската химна така што Путин одвај ја познал

Точка

14/10/2019

21:20

5.497

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Русија, Владимир Путин, свечено бил дочекан во Ријад на државна посета на Саудиска Арабија, а на кралот Салман бин Абдулазиз за подарок му донел сокол од Камчатка.

Меѓутоа, на социјалните мрежи вистински хит станал начинот на кој саудискиот воен оркестар ја отсвирил руската химна. 

Имено, на една од снимките, поради полесна споредба, било пуштено како руската химна требало да звучи, а потоа под ознака "Saudi Remix" било пуштено како е отсвирена. Јасно е веќе кај првите тактови дека двете верзии немаат многу врска една со друга.

Меѓу бројните коментари, можело да се прочита и "Па, барем се обиделе", како и "Можеле малку повеќе да вежбаат".

Еден од коментаторите меѓутоа повикал на тоа да се обрати внимание на тоа како реагирал Путин. Иако стоел мирно и не сакал да покаже непријатност, неговиот израз на лицето бил инспирација за други коментатори како:

"Која е оваа мелодија, нешто ми е позната...", и "Се обидоа, ама, како Русите, се бореа до самиот крај".



Спонзорирани линкови

Маркетинг