Напаѓачот, Томас Милер е вистински симбол и легенда на Баерн Минхен, меѓутоа во оваа сезона тој е во втор план кај тренерот Нико Ковач и се појавија информации во медиумите дека тој почнува да размислува да си замине од „Алијанц Арена“.
На оваа тема пред неколку денови се огласи и самиот напаѓач кој дефинитивно потврди дека постои можност тоа да се случи ако во иднина неговата ситуација не се промени за да сега проговори и еден од најважните луѓе во таборот на германскиот гигант, Карл Хајнц Румениге.
-Не можам тоа го замислам. Врската меѓу Томас и Баерн е тотално недопрена и ќе остане важен дел од нашиот клуб, -вели Румениге и додава:
-Ако Томас задоволно седи на клупата, тој би бил бо погрешен клуб. Тоа е реакцијата што дури ја посакуваме, но тој сè уште мора сериозно да се справи со ситуацијата. Тој е примерен, -истакна Хајнц.