Нојер за односот со Тер Штеген: Се надевам дека внимателно нѐ следевте...

Точка

13/10/2019

16:05

1.424

Големина на фонт

а а а

Во последно време постои сериозна дебата во германската фудбалска јавноста за тоа кој треба да биде голман број еден во националниот тим, односно дали и понатаму Мануел Нојер треба да ја главната одговорност или пак истата да ја преземе Марк Андре Тер Штеген кој брани во животна форма во Барселона.

Тер Штеген не крие дека сака да брани многу повеќе за националниот тим, а тоа донесе разни реакции, коментари како од самиот Нојер така и од дел од главните луѓе на Баерн Минхен. Поради сето ова селекторот Јоаким Лев се реши за едно интересно решение за овој собир, па така Тер Штеген бранеше на пријателската средба со Аргентина, додека со Естонија на голот ќе биде Нојер.

Токму самиот Мануел испрати кратко порака до медиумите во пресрет на дуелот со Естонците.

– Се надевам дека внимателно нѐ следевте, имаме одличен однос меѓу нас. Тер Штеген играше добро против Аргентина. Имаме добар тим [на голманите], исто така со Бернд Лено и Кевин Трап. Нема што да се пријави, немаше длабок разговор. Нема апсолутно ништо да се објави. Добро се чувствувам, се чувствувам фит и добро настапувам. Не размислувам да ја прекинам кариерата, -рече голманот на Баерн.



Спонзорирани линкови

Маркетинг