Поранешната министерка Ременски е осомничена во „Рекет“

Точка

09/10/2019

13:55

3.167

Големина на фонт

а а а

Откако од обвинителството соопштија дека еден функционер е осомничен за измама во случајот „Рекет“, набрзо се дозна за кого станува збор.

Државниот обвинител Љупчо Јовевски денеска откри дека е проширена истрагата за случајот „Рекет“ и сега се осомничени вкупно 5 лица, како и една невладина организација.

Новите лица се обвинети дека му помагале на првообвинетиот Бојан Јовановски во рамките на мрежата на Меѓународниот сојуз во која биле измамени две градежни компании за 720 илјади евра.

Како што открива „ТВ24“, меѓу петте осомничени е почесната претседателкана Меѓународниот сојуз и поранешна министерка за труд и социјална политика. Останатите осомничени се таткото на Бојан Јовановски - Миле Јовановски, асистентка на Бојан Јовановски во Меѓународниот сојуз, како и Јасна Мандиќ.

Наводно за еден од осомничените се бара притвор, а за останатите мерки на претпазливост. Сите се осомничени за перење пари, помагање и измама.

„Едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт“, соопштија претходно од обвинителството.



Спонзорирани линкови

Маркетинг