Нејзината мајка решила да создаде “кралица на убавината” од неа: Ја терала да се шминка и да пие енергетски пијалаци, а еве како изгледа таа денес

Точка

03/10/2019

19:18

8.545

Големина на фонт

а а а

Русокосата убавица Еден Вуд е родена 2005 година, а кога имала само две години, нејзината мајка одлучила од своето дете да направи модел и “кралица на убавината”.

Додека нејзините врснички си играле со кукли, Еден била шминкана и фотографирана од нејзината мајка, а потоа и “влечена” по разни натпревари за убавина ширум земјата, што набрзо довело до тоа Вуд да биде прогласена за најубаво девојче во САД. 


Малата Еден морала да ја сочува својата убавина: таа редовно посетувала солариуми, јадела само нискокалорична храна, носела фустани од тил, секојдневно се шминкала и правела комплицирани фризури.

Со тоа, малото девојче кое сè уште не ја знаело ни азбуката, дефилирала по модните писти и им мавтала на присутните. Судиите биле задоволни, но приговорите од публиката паднале на нејзината мајка Мики.

За Еден секогаш да биде насмеана и добро расположена, нејзината мајка редовно ѝ давала да пие енергетски пијалаци. Таквиот начин на живот го влошил здравјето на девојчето кое почнало да добива силни главоболки и имало проблеми со дигестијата. Но, нејзината мајка не се грижела за тоа – таа била упорна во намерата да направи успешен модел од својата ќерка.

Конечно, Мики била предупредена дека нејзиното дете ќе ѝ биде одземено ако таа не се промени, а подоцна се утврдило и дека таа често ја тепала за “Еден да создаде отпор кон стресните ситуации во животот”.

Кога Еден наполнила 6 години, таа изразила желба да прекине со натпреварите за убавина и манекенството. Девојчето рекло дека е уморно од сè и дека сака да прави нешто друго во животот. Подоцна напишала автобиографска книга, глумела во неколку филмови и осмислила кукла која личи на неа. Во иднина планира отпочнување на бизнис со својата мајка, во кој би се занимавале со продажба на детска гардероба.

Денес Еден има 14 години, но гледајќи ги нејзините фотографии, се стекнува впечаток дека има барем 20 години. Годините поминати под тешка шминка и во манекенските води направиле девојката да изгледа постаро отколку што навистина е.



Спонзорирани линкови

Маркетинг