Нора Шакири Марковиќ: Посакувам да родам една мала Нора со очи на Марко

Точка

25/09/2019

10:45

8.194

Големина на фонт

а а а

Последниот одмор во Парга за Нора и Марко бил максимално опуштање и уживање, па таа вели дека може и тоа опуштање им донело бебуш, по подолго време посакуваната бременост. Бременоста не и го променила секојдневниот ритам напротив, бебето ја поддржува, како „фитиљот да и пораснал“, раскажува за Точка.

Која беше првата реакција кога дозна дека си во блажена состојба?

- Каква може да биде реакцијата на посакувана бременост, посакувана подолго време. Јас и Марко бевме пресреќни се разбира и нашите семејства и најблиските пријатели, но она што го видов и од коментарите на луѓето кои ми коментираа на една објавена фотографија на фб за бременоста почуствував искрена радост од нивна страна.

Го смени ли режимот на исхрана, навиките?

- Ништо немам променето во односот кон себе, секое утро е стандардно почнувам со смути ( се што имам во фрижидер ставам ) препорачаните суплемети од гинеколог, терапијата за тироида, кафе, доручек, ручек буквално се е исто, исто е и количински она што мислев е дека ќе можам да се напијам чаша вино или пиво ама ич не ми оди така да и тоа го баталив и немам потреба од истото. Обврските останаа исти и понатаму работам со исто темпо, со иста желба и енергија, работам и надвор од работното време и пресреќна сум што бебево мое ме поддржува во тоа.

Имаш ли некои ритуали кои ги практикуваш?

- Не сум од оние трудници кои кога се бремени се однесуваат како да се недај Боже болни, па зановетаат, па слушаат не знам каква музика, па бараат се нешто. Како и до сега така и сега, а така и понатаму ќе биде секое утро Марко го почнува со музика така да бебево мое и те како е навикнато на музика. Медитациите не сум ги практикувала така да веројатно ниту сега нема да ги практикувам.

Се размази ли малку:)?

- Ич, ама ич не сум размазена, но можам да кажам дека сум многу посмирена како „фитиљот да ми порасна“ хахаха

Како се носиш со бременоста?

- Жените од моето опкружување ми кажуваа дека бременоста им поминала исклучително тешко, многу повраќање, гадење, нервози, несоници јас фала му на бога ништо од тоа немам..Искрено ги чекав овие симптоми ама ништо од тоа до сега во ова прво тромесечие не се оствари единствено спијам повеќе од вообичаеното, јадам се, весела сум, насмеана сум, МА СУПЕР СУМ пу пу пу...

Се знае полот? Што посакуваше?

- Полот уште не го знаеме, но јас длабоко во себе посакувам една мала Нора да родам со очи на Марко но тоа е желба моја, а БОГ само знае што одредил за нас, кому ние да бидеме родители, се разбира сакам да е бебуш жив и здрав, а се друго е неважно.

На кој гинеколог му ја довери бременоста?

- Др. Емилија Трајковска е мојот матичен гинеколог она е ЖЕНА ЗМАЈ поминавме заедно многу работи и мислам дека Ема е посреќна од мене за бебуш. Но, уште еден човек е мнооогу заслужен за моето женско здравје Др Тифовски, тој исто така е мноогу заслужен затоа што сум јас во блажена состојба, многу совети многу разговори со него и од него и ете се случи бебуш, Тофовски е прекрасен доктор, прекрасен човек многу почитуван и навистина сум спокојна што сум и во негови раце.

Имате ли имиња на ум?

- Ако родам женско знам како ќе се вика, но ако е машко навистина не знам тек ќе треба да размислувам. Сакаме името да е кратко, интернационално и да му/и е погодено. Сигурно ќе дадеме супер име.

Имаше ли пливање, сончање летово ако не како успеа да одолееш?

- Ова лето со Марко и со неговата сетра и зетот поминавме 8 лабави дена во Парга. Долго време јас и Марко немавме класичен одмор, па можеби и овој одмор влијаеше на мојата бременост. Супер си поминавме, пливавме, се сончавме, буквално блеевме на плажа од сабајле до вечер и веројатно таа опуштеност ни донесе бебуш.

(А.В.)



Спонзорирани линкови

Маркетинг