Политичар отвори оган кон демонстранти: Се изнервирал затоа што имало многу луѓе околу неговиот автомобил

Точка

24/09/2019

10:53

2.418

Големина на фонт

а а а

Сенатор од Хаити отвори оган на вчерашниот протест кој се одржуваше пред зградата на парламентот во главниот град Порт Ау Принс.

Инцидентот се случи во исклучително важен период за иднината на Хаити, затоа што се чекаше потврда за новиот премиер на државата.

Жан Мари Ралф Фетиер, сенатор избран на северот од земјата, излезе од автомобилот и ги шокираше сите - го извади својот пиштол и започна да пука кон насобраната толпа, при што го погоди во лице фоторепортерот на „АП“, а рани и телохранител.


Иако бесниот политичар го рани фоторепортерот, за среќа тој поминал со полесни повреди, а докторите на лице место му ги извадиле фрагментите од куршумот. Леон Леблан, другото рането лице откри дека го видел Фетиер како го вади пиштолот, а сенаторот Патрис Думон откри дека Фетиер ги предупредил демонстрантите дека ќе пука ако не направат место да помине.

Фетиер подоцна дури и се обидел да го оправда својот потег, иако всушност не призна дека отворил оган.


„Ме нападна група на насилни милитанти, се обидоа да ме извлечат од автомобилот. Затоа се бранев. Самоодбраната е свето право. Вооружени поединци ме загрозија. Тоа беше пропорционална пресметка. Еднаква сила, еднаков одговор“, изјави Фетиер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг