Две лица потешко повредени во сообраќајка на патот Охрид-Кичево

Макфакс

22/09/2019

17:49

1.527

Големина на фонт

а а а

Синоќа во 02.15 часот по полноќ, на магистралниот пат Охрид-Кичево, С.В.(60) од Кичево, управувајќи патничко возило изгубил контрола и излетал од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото, Ј.В.(54) и Б.А.(32), двајцата од Кичево, кои биле пренесени во Медицински центар Кичево за укажување лекарска помош, соопшти МВР.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кичево.



Спонзорирани линкови

Маркетинг