УФЦ: Хаос во Мексико Сити откако главниот меч беше прекинат по 15 секунди

Макфакс

22/09/2019

11:44

5.035

Големина на фонт

а а а

Публиката во Мексико Сити фрлаше шишиња и други објекти кон октагонот по неславниот финиш на главниот меч од УФЦ помеѓу Јаир Родригез и Џереми Стивенс, кој беше прекинат по само 15 секунди.

Пресметката на двајцата фаворити ов перо категорија требаше да донесе спектакуларно финале, но наместо тоа беше прекинато по 15 секунди откако Родригез случајно го погоди Стивенс во окото. По пет минути пауза, окото на Стивенс отече и судијата Херб Дин го откажа мечот.

Ова не наиде на најдобра реакција на публиката, која почна да фрла со шишиња и со други објекти кон кафезот и кон Стивенс. Родригез, пак, мораше да биде смируван и на крајот се обрати кон публиката.

„Се извинувам многу. Двајцата трениравме напорно за овој меч и знам дека многумина потрошија пари да видат борба. Ќе го повториме ова“, изјави Родригез.



Спонзорирани линкови

Маркетинг