Мајка со генијален трик на синот му помогнала да престане да се плаши да оди во училиште

Кармин

18/09/2019

20:20

2.668

Големина на фонт

а а а

За тоа дека дури и малите работи можат сè да променат, докажала и оваа мајка на три деца, Луис Малет.

Имено, таа пронашла одличен начин да му помогне на својот син кој страда од анксиозност, бидејќи се плашел од првиот училишен ден. Креирала „прегратка на дланката“ која ќе му пружи утеха кога ќе почувствува страв или ќе му биле лошо.

Како што открила во својата Фејсбук објава, на дланката на својот најмлад син Макс, нацртала мало срце и исто такво си нацртала и на својата дланка. На загриженото дете му објаснила дека со притискање на срцето можат меѓусебно да си „испратат прегратки“.

„На пат до училиште се држевме за раце и така ги полневме своите срца“, опишала мајката која после училишните часови го прашала синот дали ги „примил“ прегратките кои му ги испраќала, на што тој ѝ одговорил потврдно.


Кога видела колку тоа го усреќило и охрабрило нејзиниот син, својот трик го споделила со другите родители, пренесува „The Sun“.

Имено, Макс тој ден првпат морал да остане цел ден во училиште, а ѝ признал на мајка си дека тоа го плаши и дека претходните денови, додека траело навикнувањето на новата средина, плачел бидејќи му недостигала.

Но, отако се вратил од училиште, ситуацијата се подобрила.

„Долго го притискав срцето, но не плачев“, рекло момчето.

Другите родители не го сокриле воодушевувањето од оваа генијална идеја.

„Ова е најслатката работа на светот“, напишала една мајка. „Преслатко! Ќе ви ја украдам идејата“, заклучила друга.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk