Направила херојски чин, но никому не било важно тоа: Не престануваат да ја преплавуваат со безобразни коментари за нејзиниот изглед

Точка

16/09/2019

21:36

6.503

Големина на фонт

а а а

24-годишната полицајка Џесика Воилес, скокнала во река во обид да спаси 11-месечно бебе од давење, но нејзиниот херојски чин не бил толку интересен за екипата на социјалните мрежи, колку што бил интересен нејзиниот изглед.

Твитер профилот на Џесика, а потоа и останатите социјални мрежи, биле преплавени со сексистички коментари кои ги пишувале мажите.

„Мене може да ме уапси кога и да посака“, „Да можеше и мене да ми стави лисици“, „Јас би ѝ дал да скокне пред мене“, биле дел од коментарите.


Нејзините фотографии од Твитер почнале да се споделуваат по интернетот, после што полицајката го избришала профилот на социјалната мрежа, пренесува Дејли Меил.

Полицајката била една од првите кои биле на лице место кога 22-годишник од мост го фрлил својот 11 месечен син. Џесика не се двоумела ни момент, туку скокнала во водата, за да се обиде да го спаси бебето, но, за жал, не успеала во тоа. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг