Диего Коста ја откри вистинската причина за заминувањето на Гризман: Воопшто не се обидов да го разубедам!

Дерби

10/09/2019

21:12

3.332

Големина на фонт

а а а

Антоан Гризман ова лето одлучи да направи голема промена и да се одлучи за трансфер кој самиот го стопираше пред една година, но сепак преминот во Барселона донесе и низа на негативни коментари на неговата сметка, дури и од раководните луѓе на клубот од шпанската престолнина.

Францускиот напаѓач одлучи да си замине неполна година по потпишувањето на милионскиот договор, а ако тоа остави повредени неколку клучни луѓе на Атлетико Мадрид, таков не е случајот и со Диего Коста кој вели дека воопшто не се обидел да го премисли Гризман во донесената одлука.

– Неговиот сон беше да игра со Меси и Суарез, затоа си замина од Атлетико Мадрид. Сите знаеме каков играч е Гризман, а како таков, секој фудбалер сака да испроба нови нешта и за мене нормално е што сакаше да си ја испроба среќата во Барселона. Може да стане важен играч за Барса, исто како што беше и за Атлетико. Гризман сакаше ново искуство и тоа ќе го добие во Барса. Воопшто не се обидував да го убедам да остане, но ако ме прашаше за мислење, ќе му кажев дека сите треба да испробаат нови нешта, – вели Коста во интервјуто за „Партидасо“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг