Овие мегаѕвезди ги знае целата планета, но малкумина знаат дека како деца биле дадени на посвојување

Точка

10/09/2019

13:10

2.180

Големина на фонт

а а а

Овие популарни ѕвезди уште од најраното детство морале да се справат со многу тешки животни моменти. Нивните животни приказни не биле нималку лесни, наспроти парите и светската популарност која ја имале.

Мерилин Монро

Поради ментално и финансиски нестабилна мајка, Мерилин била во хранителско семејство до својата седма година. Подоцна, кога мајка ѝ доживеала нервен слом девојчето било доделено на Грејс Маки која за неа се грижела до 16-та година.


Џон Ленон

Имал пет години кога неговиот татко заминал во војска, а мајка му заминала со друг маж. Грижата за музичарот ја презеле неговиот вујко и вујна од Ливерпул.


Џејми Фокс

На само седум годишна возраст тој бил даден на посвојување. За познатиот оскаровец се грижела неговата баба.


Стив Џобс

Основачот на „Apple“ веднаш по раѓањето бил даден на посвојување на Пол и Клара Џобс, брачниот пар од Сан Франциско кој не можел да има деца. Својата сестра Мона Симпсон ја запознал дури тогаш кога и двајцата биле повозрасни. Жената која го родина и нејзиниот партнер никогаш не ги сметал за негови родители.





Спонзорирани линкови

Маркетинг