Парите не можат да купат здравје: Тејлор Свифт ѝ напишала емотивна песна на својата мајка која по втор пат се бори со опасната болест

Точка

24/08/2019

15:56

2.268

Големина на фонт

а а а

Пејачката Тејлор Свифт неодамна го објави седмиот по ред студиски албум наречен “Lover”, а на албумот се најде песната “Soon You’ll Get Better” која Тејлор ѝ ја посветува на нејзината мајка која по втор пат се бори со канцер.

“Очајните луѓе пронаоѓаат вера, па сега му се молам на Бога. Но, со кој ќе зборувам? Што да правам, ако тебе те нема”, пее Свифт во новата песна. 

Пред 4 години пејачката изјавила дека има семејни проблеми и дека двајцата нејзини родители се борат со канцер, но и дека нејзината мајка Андреа повторно се бори со опасната болест.

“Канцерот на мојата мајка е вистински проблем. Бев анксиозна во врска со секојдневните подеми и падови. Сите грижи, стресови и молитви ги менувам за реални проблеми”, изјавила Тејлор.

Пејачката во “Soon You’ll Get Better” пее за првата посета на онколог, како нејзината мајка ги сака медицинските сестри кои се фини кон неа и како ќе ја реновира кујната пред доаѓањето на мајка ѝ од болница, со цел да се чувствува попријатно во новиот простор.

“Сакам да ви кажам дека оној кој во вашиот живот бил мајчинска фигура ве направил онакви какви што сте. Бидете благодарни за тоа”, вели Тејлор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг