Момче во Црна Гора видело девојче како тажно го гледа, па направило нешто прекрасно

Точка

23/08/2019

18:12

6.359

Големина на фонт

а а а

Ако денеска ви треба мала доза со добри вести, оваа снимка од Црна Гора сигурно е она што го барате.

Снимката која е објавена на Фејсбук профилот „Подгорички времеплов“ прикажува момче кое не можело да остане имуно на тажниот поглед на едно девојче кое стоело пред продавница и гледало како тој лиже сладолед. Се вратило до неа и ѝ подарило еден сладолед, со што ги освоило срцата на луѓето од тој регион.

„Девојчето додека ги гледаше минувачите како јадат сладолед... Не просеше, не бараше ништо, само тажно набљудуваше. Таа насмевка и поглед додека ѝ го даваше сладоледот немаше цена, таа доза среќа сè уште не сум ја видела во ничии очи. Да научиме нешто од најмладите, бидејќи тие сè помалку имаат што да научат од нас. Сите деца се родени да бидат големи луѓе, а за хуманост, емпатија, добрина... за тоа треба да учат“, стои во описот на снимката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг