Новото откритие предизвика паника во јавноста: Тест кој со 80 отсто сигурност утврдува кога ќе умрете

Точка

21/08/2019

15:20

3.667

Големина на фонт

а а а

Еден многу едноставен тест може да ви донесе најубава или најлоша вест.

Доколку отсекогаш сте се прашувале кога ќе ви дојде “судниот ден“, научниците измислиле тест кој со повеќе од 80 отсто сигурност предвидува дали и од што ќе умрете во наредните 10 до 16 години.

Во истражувањето спроведено во Германија учествувале повеќе од 44.000 луѓе на старост од 18 до 109 години. Преку анализата на крвта издвоени се биомаркери поврзани со имунитетот, контролата на глукоза, крвниот притисок, циркулацијата и воспаленија на телото.


Врз основа на овие биомаркери експертите добиваат многу прецизна слика на здравствената ситуација на пациентите, а резултатите овозможуваат да се процени животниот век на пациентот, односно кои се шансите дека тој во наредните две до 16 години ќе умре.

Поради прецизните податоци за времето и причините на смртта, првата реакција од јавноста на ова револуционерно откритие (кое сè уште е во фаза на испитување) била ужасна и панична.

Целта на овие анализи не е проценката на ризикот од смрт туку превенција на истата.

Научниците веруваат дека со помош на новооткриените биомаркери ќе успеат на време да ги детектираат заболувањата и да го спречат развојот на болеста.




Спонзорирани линкови

Маркетинг