Пожар долж пругата од селото Мрзенци кон Давидово

Макфакс

18/08/2019

19:00

1.339

Големина на фонт

а а а

Пожар избувна денеска и во гевгелиско. Како што информира Центарот за управување со кризи, активен пожар на запалени стрништа и сува трева по ниви има долж пругата од селото Мрзенци кон селото Давидово.

Во гаснењето учествуваат екипи од ТППЕ-Гевгелија со 20 пожарникари и 4 возила, а на помош во гасењето на пожарот се вклучени и ТППЕ Валандово и доброволното противпожарно друштво Дојран.




Спонзорирани линкови

Маркетинг