Пике излезе со прв коментар по поразот во првото коло од Атлетик Билбао

Дерби

17/08/2019

13:32

3.554

Големина на фонт

а а а

Капитенот на Барселона на вчерашниот натпревар против Атлетик Билбао, Жерар Пике имаше што да каже по поразот во воведното коло од Ла Лига.

Адуриз со мајсторија во финишот на натпреварот донесе победа за баскијскиот тим, а Пике изјави дека подобро е што поразот кој треба да ги „отрезни“ стигнал на почетокот на сезоната.

Капитенот призна дека неговиот тим не одиграл на нивото, но дека нема простор за паника затоа што има уште многу да се игра до крајот на првенството.

– Ова е многу тежок терен за игра, а натпреварувањето не стави на ова место. Не бевме на нивото, а тие не притискаа многу. Кога не изгледаш добро, секако дека ќе те напаѓаат. Ќе бидеме добри во иднина затоа што подобро е да изгубиш на стартот, отколку при крајот на сезоната. Ќе ги надминеме сите пречки. Штотуку завршија подготовките, во клубот имаме нови играчи, па ќе ни треба малку време, -заклучи Пике.



Спонзорирани линкови

Маркетинг