7 правила кои правите дами никогаш не ги прекршуваат

Кармин

16/08/2019

16:13

1.953

Големина на фонт

а а а

Покрај убавото држење и широката насмевка, една жена дама ја прават манирите и убавото однесување.

Затоа, вистинската дама себеси никогаш не би си дозволила одредени грешки во однесувањето и непогрешливо остава добар впечаток при запознавање нови луѓе.

Постојат одредени скапи правила, кои не смеете да ги прекршите ако себеси се сметате за дама:

1. Модни грешки

Правите дами имаат истенчен стил, тие не носат претесна, ниту преширока облека. Тие носат умерена облека, која влијае на нивната префинета убавина и многу зборува за нивниот истенчен вкус.


2. Правилно држење

Дама секогаш ќе препознаете по нејзиното држење, правите рамена и високо подигнатата глава. Таа никогаш не ее згрбавена, бидејќи таквиот изглед никако не е дамски и остава впечаток дека сте загрижени за нешто.

3. Грижа за своето тело

Дамата која се грижи за себе, внимава на својот физички изглед и се негува. Таа здраво се храни, редовно тренира и има свои утрински и вечерни рутини до кои постојано се придржува.

4. Минимална шминка

Всушност бидејќи се грижат за својата кожа, тенот им е беспрекорен, па доволно им е кога ќе нанесат само минимална шминка, за на природен начин да ја истакнат својата убавина.


5. Самоконтрола

Тие имаат целосна контрола над своето однесување и никогаш себеси не си дозволуваат непримерно однесување во јавност. Премногу се грижат за своето однесување.

6. Умереност

Тие за сè имаат мерка. Се држат на дистанца, не го насочуваат вниманието кон себе, не се смеат гласно, не озборуваат и знаат дека суптилноста е вредна како злато.

7. Доцнење

Тие никогаш не доцнат, го почитуваат туѓото време и очекуваат и другите да го прават тоа за нив.

Убавите манири се важна карактеристика која жената ја прави поубава, попрефинета и вредна за сечија почит. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk