Избегнете го труењето од месо во жешките денови: Еве колку време месото може да се чува во фрижидер и замрзнувач

Точка

13/08/2019

11:15

1.628

Големина на фонт

а а а

Секој вид месо има свој рок на траење во фрижидер и замрзнувач па затоа ќе ви ги претставиме важните совети поврзани со оваа тема кои треба да ги знаете.

Свежо живинско месо

Свежата живина во фрижидер трае само еден ден до два (на температура од пет степени целзиусови или помалку), а до една година во замрзнувач (на температура од -18 степени и пониска).

Готвеното пилешко и мисиркино месо во фрижидер може да стои два дена, а може да се замрзне и да се изеде за два до шест месеци.


Црвено месо и свинско месо

Овие видови меса можат да стојат во фрижидер до пет дена, а може да се смрзнат на период од четири до дванаесет месеци. Останатото готвено месо ќе трае три дена во фрижидер и два до шест месеци во замрзнувач.

Мелено месо

Меленото месо, како што е говедско, телешко или свинско, може да стои во фрижидер еден до два дена, а може да се замрзне на период од три до четири месеци.


Сланина и колбаси

Сланината која стои во фрижидер треба да се изеде во период од една недела, а колбасите во период од три дена. И едното и другото може да стојат замрзнати еден месец, а некои колбаси можат да стојат замрзнати и до два месеци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг