Логиката на Трамп: Ги повлекуваат насилните игри, но не се откажуваат од продажбата на оружје

Точка

12/08/2019

13:39

502

Големина на фонт

а а а

Во САД оружје може да се купи на секој чекор, меѓутоа според американските власти, индустријата за оружје не е виновна за масовните убиства ширум земјата, туку за тоа се виновни видео игрите.

Минатата седмица се случија неколку страшни вооружени напади во САД, при што животот го загубија над 30 лица. Поради тоа, во САД повторно се отвори дебата за контролата на оружјето, меѓутоа властите не гледаат проблем во тоа.

Додека најголемиот дел од граѓаните ја обвинуваат достапноста на огненото оружје, еден дел од граѓаните, меѓу кои и претседателот Трамп, видео игрите ги стави меѓу виновниците за таквите вооружени напади, истакнувајќи дека го глорифицираат насилствата.


Се чини дека некои компании веќе „паднаа“ на ова, па сакајќи да избегнат потенцијални ПР проблеми, започнаа да се „оддалечуваат“ од видео игрите.

На пример, телевизиската куќа ESPN требаше да го пренесува турнерот во Apex Legends, меѓутоа го откажа, објаснувајќи дека со тоа сака да им оддаде почит на жртвите од Ел Пасо и Дејтон. Покрај тоа, Волмарт исто така превзеде слични потези – започна да ги отстранува рекламите за видео игри.


Сепак, најинтересно е тоа што во Волмарт се продава оружје и компанијата порача дека нема да ја промени својата политика околу тоа, иако нападот во Ел Пасо каде што загинаа 22 лица се случи токму во продавница на Волмарт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг