Заврши вештачењето на мобилниот на Катица, на резултатите ќе почекаме

Нетпрес

22/07/2019

15:17

2.081

Големина на фонт

а а а

Завршено е вештачењето на одземениот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Според обвинителството, денеска е завршено вештачењето, но во интерес на натамошната истрага, деталите засега, нема да се споделат во јавноста.

„Што е констатирано при вештачењето, ќе биде обелоденето кога ќе се создадат услови за тоа“, изјавија од обвинителството.

Како што е познато, по барање на судот на специјалната јавна обвинителка Јанева, дента кога беше уапсен Бојан Јовановски, и е одземен еден од двата мобилни телефони кои ги поседувала. Вториот мобилен, како што викендов објави обвинителката Вилма Рускоска, повикувајќи се на изјава на синот на Јанева бил изгубен во Белград.



Спонзорирани линкови

Маркетинг