Шпанската федерација отвори истрага за трансферот на Гризман

Дерби

20/07/2019

14:58

1.320

Големина на фонт

а а а

Шпанската фудбалска федерација го прифати барањето на Атлетико Мадрид и отвори истрага за трансферот на Антоан Гризман во Барселона.

Актуелниот шпански првак плати 120 милиони евра за прават над Французинот, но Атлетико побара да бидат платени уште 80 милиони поради тоа што договорот меѓу играчот и клубот бил постигнат многу порано пред на сила да стапи откупната клаузула од 120 милиони.

Раководството на Атлетико тврди дека има докази дека Гризман и Барселона направиле измама бидејќи имаат договор направен во периодот кога цената на фудбалерот била повисока, односно на 9. март, па затоа ја бараат и сумата која била валидна во тие моменти. Претседателот Енрико Серезо тврди дека поседува документи како докази, што значи дека истрагата на федерацијата може да донесе проблеми за Барселона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг