Меркел: Темни облаци се издигнаа над дијалогот Белград-Приштина

Макфакс

19/07/2019

13:32

984

Големина на фонт

а а а

Германската канцеларка, Ангела Мекрел истакна дека темни облаци се издигнале над дијалогот Белград и Приштина, откако косовските власти вовеле такси врз српските производи.

Меркел во разговор со дописниците во Брисел, нагласи дека Германија има голем интерес за европската интеграција на Србија и Косово и на тој пат постои напредок, меѓутоа, како што подвлече, за интеграцијата неопходно е да се обнови дијалогот помеѓу Белград и Приштина.

Таксите доведоа до незадоволство, а не до напредок, рече Меркел, потсетувајќи дека за тоа разговарала со лидерите на Белград и Приштина претходно на состанок во Берлин, пренесе „Танјуг“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг