Хамилтон го поддржува Фетел

КРУГ.МК

19/07/2019

13:08

602

Големина на фонт

а а а

Додека Хамилтон стигна до својата седма победа во годината за Мерцедес, Фетел заврши со 1 круг заостанување на 16то место, откако удри во Макс Верстапен при борбата за трето место.

Поминаа скоро 11 месеци без победа за Фетел во Ферари, а самиот четирикратен шампион истакна дека почетокот на сезоната бил тежок. По 10 трки, тој е на четвртто место во пласманот, со 100 поени заостанување позади Хамилтон.

Запрашан дали му недостасува Фетел на чело на гридот, Хамилтон го опиша уживањето во борбите со возачите на Ферари во претходни наврати.

„ЈАС НЕ СУМ НЕКОЈ НА КОЈ МУ НЕДОСТАСУВААТ РАБОТИ. МИ НЕДОСТАСУВААТ КУЧИЊАТА, МОЕТО СЕМЕЈСТВО, НО НЕ МИ НЕДОСТАСУВААТ ОДРЕДЕНИ РАБОТИ СО АКЦИЈА.

НО СЕКАКО ДЕКА ГО САКАМ ТРКАЊЕТО. ГО САКАМ ТРКАЧКИОТ ЕЛЕМЕНТ, ОБОЖАВАВ КОГА СЕ ТРКАВ ПРОТИВ ФЕРАРИ МИНАТАТА ГОДИНА. ПОСАКУВАМ БИТКАТА СЕГА ДА БЕШЕ СО БОЛИДИТЕ НА ФЕРАРИ.

ПОИНАКВО ЧУВСТВО Е КОГА СЕ ТРКАТЕ СО ТИМСКИОТ КОЛЕГА И СЕКОГАШ СУМ ВИ РЕКОЛ, ПОВЕЌЕ, ПОВЕЌЕ ПРЕФЕРИРАМ ДА СЕ ТРКАМ ПРОТИВ НЕКОЈ ВО РЕД БУЛ ИЛИ ФЕРАРИ, НО МОМЕНТАЛНО ТОА НЕ Е СЛУЧАЈОТ.

НО АПСОЛУТНО ВЕРУВАМ ДЕКА ТОЈ ЌЕ СЕ ВРАТИ. ГЛЕДАТЕ КОН ВЕЛИКАНИТЕ, КОИ ИГРААТ ТЕНИС И ТОЈ Е ЕДЕН ОД НИВ. ТОЈ ИМАШЕ ТЕШКА ТРКА ВО БРИТАНИЈА, НО ТОЈ Е ЧЕТИРИКРАТЕН ШАМПИОН.

ЌЕ СЕ ВРАТИ. ЌЕ НАЈДЕ НАЧИН И ЌЕ СЕ ВРАТИ ПОСИЛЕН НА СЛЕДНАТА ТРКА. ТОА ГО ПРАВАТ ВРВНИТЕ СПОРТИСТИ“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг