Во вашиот двор ставете лажичка со шеќер и вода: Ова секој човек треба да го знае и што порано да го направи

Точка

19/07/2019

12:49

4.590

Големина на фонт

а а а

Дали знаете дека пчелите хранат дури 90 отсто од светската популација и дека на луѓето би им останале само четири години живот доколку овие инсекти целосно исчезнат?

Идејата на оставање лажичка со мешавина од шеќер и вода во дворот веќе подолго време се шири на интернет и на социјалните мрежи. Изгледа необично, но за тоа постои многу добра причина која секој треба да го поттикне да го направи истотот.

Пчелите се многу важни суштества за опстанокот на нашата планета, но тажен е и загрижувачки фактот што овие инсекти изумираат. Пчелите се храна за 90 отсто од светската популација и имаат огромна задача затоа што ја опрашуваат речиси третина од храната која ја јадеме.


Но, ситуацијата не е безнадежна. Постои една работа која секој од нас може да ја направи, замислата која овие денови се шири со голема брзина за да помогне во опстанокот со пчелите, луѓето и планетата Земја.

Ова е едноставниот совет за секој: земете лажичка и во неа помешајте шеќер и вода и ставете ја во својот двор.

Во овој период пчелите често изгледаат како да умираат или како веќе да се мртви, но воопшто не мора да се работи за тоа. Пчелите едноставно можат да се изморат и може да им исчезне сила да се вратат во кошницата. Последицата од тоа може да биде тоа што кошницата ќе исчезне.


„Едноставно, мешавината од шеќер и вода ќе им помогне на пчелите да се вратат во нивната кошница“ - објаснува Атенбороу и го дава рецептот: „Помешајте две лажички бел шеќер со една лажичка вода, мешавината ставете ја во лажичка за пчелата да може да стигне до неа“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг