Федерер донесе голема животна одлука по поразот од Новак: Почнува изградбата на неговата империја

Супермен

19/07/2019

18:00

9.496

Големина на фонт

а а а

Швајцарскиот тенисер одлучил да се пресели, а само плацот го чинел 45 милиони евра. Роџер Федерер се опоравува на швајцарските Алпи по поразот во финалето на Вимблдон од Новак Ѓоковиќ. Во својата татковина пронашол мир, а донел и некои важни одлуки во животот.

Како што пишуваат швајцарските медиуми, Роџер дефинитивно одлучил да се пресели и во иднина ќе живее во гратчето Реперсвил-Јон кое се наоѓа во рамките на кантонот Сент Гален.


Ова гратче е направено во 2007-та година кога гратчињата Раперсвил и Јон и неколку помали села од околината се споиле во една целина.

Гратчето според последниот попис од 2018-та година има 26.995 жители, а наскоро би требало да им се приближи и Роџер Федерер.

Роџер веќе ја продал “стаклената вила“ во градот Волро, која исто така е на крајбрежјето на Циришкото езеро со феноменален поглед, а нема сомнеж дека и новата вила на Федерер ќе изгледа многу убаво.


Купувањето на недвижнината официјално е објавено, а се верува дека Федерер за плацот од 18.000 метри квадратни платил дури 45 милиони евра.

Федерер таму планира да изгради вистинска империја, голема вила со разни комплекси, зграда и свој тениски терен. Сепак ќе биде потребно време додека сето тоа се заврши, затоа што прво треба да се направат инфраструктурни планови за кои потребно е два до три месеци.

„Горди сме што таква ѕвезда каква што е Федерер доаѓа во нашиот град. Секогаш сме среќни за секој нов што ќе дојде“ - изјавил градоначалникот на овој град, Јонас Мартин Стоклинг.




Спонзорирани линкови

Маркетинг