Тензиите растат: Откако Иранците им се заканија, Британците испраќаат трет воен брод во Персискиот залив

Точка

17/07/2019

15:58

1.600

Големина на фонт

а а а

Откако неодамна властите од Техеран порачаа дека запленувањето на нивниот нафтен танкер од Велика Британија „нема да помине неказнето“, официјален Лондон реагираше со испраќање на уште еден воен брод во водите на Персискиот залив.

Велика Британија соопшти дека испраќа трет воен брод на просторот на Персискиот залив – ќе биде испратена фрегатата “HMS Kent”, потврдија од британското Министерство за одбрана.

Фрегатата би требало да пристигне во водите на Персискиот залив некаде во текот на септември. Целта на овој брод, исто како и останатите бродови на британската кралска морнарица е обезбедување на безбедноста на бродскиот сообраќај во регионот.


Иако од Лондон тврдат дека испраќањето на третиот воен брод „веќе долго било планирано“, сепак интересно е тоа што Британците се одлучуваат на ваков чекор откако Техеран упати јавни закани до Велика Британија.

Имено, тензиите помеѓу Иран и САД растат веќе со месеци, а што се однесува до односите помеѓу Иран и Велика Британија, тие ескалираа откако Британците пред десетина дена заробија ирански нафтен танкер во близина на Гибралтар. Танкерот беше заробен затоа што ги прекршувал меѓународните санкции и пренесувал нафта во Сирија.


Иранците набрзи потоа најавија одмазда, а тоа е причина повеќе за британските власти дополнително да ја зајакнат безбедноста на своите танкери кои минуваат низ Персискиот залив, посебно низ Хормушкиот теснец.

Моментално на овој простор се наоѓаат два воени бродови на британската кралска морнарица – фрегатата “HMS Montrose” и разурнувачот “HMS Duncan”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг