Иако се во брак само една година, животот под кралските правила веќе почнал да го наплаќа данокот во врска со принцот Хари и војвотката Меган Маркл.
Ситуацијата дошла до таму принцот Хари да ја моли сопругата да почне да оди на терапија кај психолог.
„Растргнат помеѓу улогата на родител, расправиите со братот Вилијам и снаата Кејт, очекувањата од кралицата и народот, па дури и скандалозното семејство на својата сопруга, Хари само што не експлодирал, а ни Меган не е далеку“, вели извор за „RadarOnline“.
Како што имавме прилика да видиме, откако се венчаа во мај, 2018-та година, Меган не крие дека кралските протоколи не ѝ се допаѓаат и јавно ги игнорира.
„Меган чувствува дека правилата и забраните кои ги почитува кралското семејство не се во согласност со денешното модерно време. Меган и Хари ја почитуваат традицијата, но сакаат слобода за работите да ги прават на свој начин“, додава изворот.
Однесувањето на Меган Маркл станало повод за постојани расправии во кралското семејство, што само допринело за и онака стресната ситуација. Јасно се гледа дека односите помеѓу браќата и јатрвите се исклучително затегнати, што особено се видело на крстењето на принцот Арчи.
Иако сè поминало по протоколот, на семејниот портрет сите се смеат освен принцот Вилијам, додека сите забележале исклучително чудна насмевка на лицето на Кејт Мидлтон, која “здрвено“ седела бегајќи од Меган колку што можела повеќе.
Принцот Хари одамна јавно ја поддржува стручната терапија и не се плашел да признае дека побарал помош од психолозите во врска со паниката и бесот со кој никако не можел да излезе на крај, особено после смртта на мајка му.
„Тој јавно рече дека психотерапијата ја спасила во минатото и мисли дека истата помош ѝ е потребна и на Меган, пред да биде доцна“, заклучил добро упатениот извор.