Шет со интересна анализа долови зошто фановите го обожуваат Федерер, а не го сакаат Ѓоковиќ

Дерби

17/07/2019

11:21

1.460

Големина на фонт

а а а

Рожер Федерер има најбројна фан база на секој турнир на кој се појавува, но покрај во родниот Базел, се чини дека Швајцарецот посебно е омилен во Лондон каде речиси секогаш се создава фудбалска атмосфера кога игра осумкратниот шампион на Вимблдон.

Така беше и на неделното финале против Новак Ѓоковиќ во кое Федерер имаше далеку поголема поддршка од трибините, но сепак тоа не му помогна да го скрши отпорот на светскиот рекет број еден, иако беше на еден поен од освојување на мечот и прокнижување на деветтата титула во Ол Ингланд клубот. Во изминативе два дена, се отвори огромна дебата за тоа зошто Новак Ѓоковиќ доста често е во втор план кај тениските фанови, но ако Борис Бекер им одржа лекција на Англичаните и побара повеќе да го почитуваат светскиот рекет број еден, Барбара Шет излезе со една интересна анализа за односот на фановите.

Поранешната славна тенисерка и угледна коментаторка на „Еуроспорт“ напиша колумна за оваа тема за австрискиот весник „Tiroler Tageszeitung“, со која се обиде да објасни зошто фановите го обожаваат Федерер, а од друга страна пак, не го сакаат Ѓоковиќ.

– Причината поради која Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон не добиваше толку аплаузи како Рожер Федерер лежи во тоа што не е доволно природен. Најдобар пример е крајот на мечот, моментот кога јадеше трева. Сето тоа изгледа како исценирано, а тоа фановите и луѓето го чувствуваат. Новак едноставно не знае да го направи тоа природно како Федерер, секогаш има горчлив вкус. Во неделата бев на „шампионската вечера“, Новак одржа навистина симпатичен говор, таму се беше во ред, – пишува Шет и додава.

– Федерер е и ќе остасне миленик на публиката, тој е магнет за фановите. Тој е најстариот играч, толку многу постигна во тенисот, секогаш е културен и на место. Од човечка страна, никој не може да му се приближи од останатите. И против Надал во полуфиналето, Федерер имаше речиси се на своја страна, – додава Австријката која се надева дека Ѓоковиќ ќе ја стекне популарноста на Швајцарецот кога ќе биде на залезот на кариерата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг