А во Италија и Франција - снег!

Точка

15/07/2019

14:05

3.544

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот метеоролошки портал "3Bmeteo" вчера објавил прогноза во која предвидел обилни дождови и бура ширум земјата во текот на денешниот ден.

Но, најинтересен дел од таа прогноза била најават за студен воздух, кој на високите подрачја ќе донесе снег невообичаен за овој период од годината.  

Прогнозата се остварила и паднале 30 центиметри снег на Алпите, пренесува "Index.hr".

Фотографиите ги објавил "Severe Weather Europe" на својата Фејсбук страна.

Освен тоа, снег имало и на северозападот на Италија, на 2.702 метри надморска висина.

Снег паднал и во Франција, на југоистокот на земјата, на надморска висина од 2.600 метри.




Спонзорирани линкови

Маркетинг