Експерт открива! Ангела Меркел се борела против тресењето: Еве што повторувала додека неконтролирано се тресела

Точка

12/07/2019

22:05

8.187

Големина на фонт

а а а

Канцеларката на Германија, Ангела Меркел, во текот на нападот на тресење повторувала "ќе успеам, ќе успеам", тврди експертот за читање од усни, Јудит Хартер.

Хартер е сигурна во тоа дека Меркел цело време ги повторувала овие зборови, се наведува на сајтот на радиото "Антена Баерн". 

Фразата потсетува на изјавата на канцеларката за мигрантската криза која во 2015-та година кренала голема бука. Тогаш Меркел, зборувајќи за брановите од бегалци, изјавила: "Ќе успееме да излеземе на крај со тоа".

Меркел во средата трет пат била видена како неконтролирано се тресе, овој пат при дочекот на финскиот премиер. За да ја спречи новата непријатност, таа вчера седела во текот на свечената церемонија со премиерот на Данска во Берлин, што е кршење на протоколот.

Иако Меркел инсистирала дека се чувствува добро, внатре во ЦДУ веќе се разговара за тоа кога ќе и ја "предаде штафетата" на својата наследничка Анегрет Крамп Каренбауер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг