Оваа снимка покажува како ветерот носел сè пред себе во Грција: Ураган од прва од категорија го опустоши Халкидики

Точка

11/07/2019

20:15

11.979

Големина на фонт

а а а

Грчки Халкидики е погоден од незапаметено невреме со ветер од дури 120 километри на час, кој се вбројува во ураган од прва категорија.

Според последните податоци загинале најмалку седум луѓе, меѓу нив и две деца, а повредени биле околу 120. 

Ветерот кој го погодил полуостровот достигнал брзина од најмалку 100 километри на час, а носел столчиња, маси и лежалки, корнел дрвја и ги фрлал на возила и ресторани.

##https://twitter.com/severeweatherEU/status/1149211836904083456##

Една Романка настрадала кога ветерот на една таверна фрлил киоск, па кровот и паднал директно на глава. Нејзиниот 8-годишен син се обидел да и помогне, но ветерот го кренал и го фрлил на земја, по што и тој починал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг