Брутален напад на сопствениот вид: Огромна ајкула со два гриза преполовила друга ајкула

Точка

11/07/2019

20:01

4.205

Големина на фонт

а а а

Австралиските нуркачи успеале да снимат една сосема неверојатна сцена. Тие го фатиле моментот кога една голема бела ајкула гризе друга и и нанесува смртоносни повреди.

Драматичната снимка прикажува ајкула од преку три метри должина, која е нападната од многу поголема ајкула додека таа јаде мамка покрај рибарски чамец. 

Бруталниот напад, кој бил фатален, завршил со голем гриз на средината на трупот на ајкулата жртва. Наскоро уследил уште еден таков гриз.

"Ова е огромна ајкула, долга 3 и пол метри. Но погледнете ја само големината на тој гриз. Тоа е огромно. Тоа е огромна количина на енергија која ви е потребна за така да гризнете друга ајкула".

"И сами морате да бидете прилично големи", прокоментирал на снимката професорот Марк Микен од Австралискиот институт за поморски науки, за "National Geographic WILD".

Микен истакнува дека сите ајкули се канибали - дури и големите бели ајкули. Поновите истражувања покажуваат ајкулите се јадат едни со други илјадници години наназад.



Спонзорирани линкови

Маркетинг