Реал Мадрид сериозно влегува во трката за ангажман на Нејмар

Дерби

11/07/2019

15:19

1.275

Големина на фонт

а а а

Долго време се шпекулира дека Барселона сериозно размислува во своите редови да го врати Нејмар кој пак дефинитивно сака да си замине од ПСЖ.

Трансферот секако нема да биде евтин и лесен за реализација, меѓутоа желбата на Нејмар да си замине од Париз би можела да ги натера челниците на ПСЖ да прифатат и нешто пониска понуда.

Освен Барселона, сега „Скај Спортс“ пишува дека и Реал Мадрид сериозно се вклучил во трката за ангажман на бразилскиот фудбалер.

Доколку не успеат да го реализираат трансферот на Погба, „кралевите“ со сите сили ќе тргнат по услугите на Нејмар.

Се уште на адреса на ПСЖ не е стигната ниту една официјална понуда, а се верува дека и Барселона и Реал Мадрид во евентуалните понуди ќе вклучат некој од своите фудбалери со цел да ја намалат цената за играчот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг