Верстапен се изнервира: Болидите не се лесни за возење

КРУГ.МК

24/06/2019

14:59

741

Големина на фонт

а а а

Луис Хамилтон беше прв кој го покрена прашањето за тешкотиите во управување со модерните Формула 1 болиди и заклучи дека истите се доста лесни за возење. На тоа се надоврза Гросжан кој дополни дека поизморен е по картинг трка со своите другари одошто по Формула 1 трка.

Сепак, Верстапен смета дека болидите се тешки за управување како и секогаш, а тврдењето на Хамилтон се базира на тоа што неговиот болид на Мерцедес е секогаш предобар.

„ТОА СЕ ГЛУПОСТИ ЗА МЕНЕ. СЕГА СМЕ МНОГУ ПОБРЗИ ОДОШТО ПРЕТХОНИТЕ ГОДИНИ И НЕ РАЗБИРАМ КАКО МОЖЕ ДА СЕ ТВРДИ ДЕКА БОЛИДИТЕ СЕ ЛЕСНИ ЗА ВОЗЕЊЕ.

АКО ИАМТЕ ТОЛКУ ДОБАР БОЛИД КАКО ШТО ИМА ХАМИЛТОН, СЕКАКО ДЕКА МОЖЕТЕ ДА ВОЗИТЕ И СО 90% ОД СВОИТЕ МОЖНОСТИ.

ОНА ШТО ГО КАЖА ГРОСЖАН ЈАС ВООПШТО НЕ ГО РАЗБИРАМ ЗАТОА ШТО КАРТИНГ СЕ КОРИСТАТ ЦЕЛОСНО РАЗЛИЧНИ ГРУПИ НА МУСКУЛИ. АКО ЈАС СЕГА ОДАМ ДА СЕ ТРКАМ НА КАРТИНГ ПО 20-30 КРУГОВИ ИСТО ТАКА ЌЕ БИДАМ ПРЕМОРЕН ДОДЕКА КОГА ИМАВ 15 ГОДИНИ МОЖЕВ ДА ВОЗАМ 300 КРУГОВИ ДНЕВНО БЕЗ НИКАКОВ ПРОБЛЕМ. ТОА ЗНАЧИ ДЕКА СУМ БИЛ ПОСИЛЕН И ПОДОБРО ПОДГОТВЕН НА 15 ГОДИНИ? СЕКАКО ДЕКА НЕ ТУКУ СЕ РАБОТИ ЗА ЦЕОСНО РАЗЛИЛНА ГРУПА НА МУСКУЛИ КОИ СЕ АКТИВИРААТ.

ТАА СПОРЕДБА НЕА АПСОЛУТНО НИКАКВА СМИСЛА. АКО НЕГОВИТ ЕДРУГАРИ И МОИТЕ СО КОИ СЕ ТРКАМ НА КАРТИНГ ГИ СТАВИМЕ ВО БОЛИД СЛЕДНИОТ ДЕН НЕМА ДА СИ ЗНААТ КАДЕ ИМ Е ВРАТОТ ДОДЕКА НА КАРТИНГ МОЖЕ ДА ВРТАТ ПО 300.000 КРУГОВИ НА ДЕН. СПОРЕДБАТА Е ДЕФИНИТИВНО МНОГУ ЧУДНА“, ОБЈАСНИ МАКС.



Спонзорирани линкови

Маркетинг