Ето со предизвик за Салах: Дојди во Барса и стани најдобриот на светот

Макфакс

24/06/2019

10:44

1.084

Големина на фонт

а а а

Самуел Ето му порача на Мохамед Салах да не размислува на Реал Мадрид и да дојде во Барселона за да стане најдобриот фудбалер на светот.

27-годишниот Египќанец не сакаше да се обврзе на долг престо на „Енфилд“ по 2:0 победата над Тотенхем во Лигата на шампионите и шпекулациите го поврзуваа со место во Реал Мадрид, но 39-годишниот Ето му порача да не оди во Мадрид.

„Барселона навистина би му одговарала. Мене Реал ми ја даде шансата да си заминам од Африка, но го познавам стилот на фудбал кој се игра во Барселона и тоа повеќе ќе му одговара. Но, ако има шанса да игра во најсилната лига на светот, шпанската лига, тогаш треба да ја искористи. Мо ги има сите потребни квалитети да стане најдобриот фудбалер на светот“, вели Ето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг